Press "Enter" to skip to content

Преку “ReLOaD2“ зацврстување на соработката помеѓу Општина Битола и граѓанските организации

Започна втората фаза од реализацијата на проектот ReLOaD2, чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации преку транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление. 

Официјалниот почеток на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2) беше означен на денешното потпишување Меморандуми за разбирање со осумте општини кои ќе бидат вклучени во оваа фаза на проектот. ReLOaD2 го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиски поддржан од Европската Унија. 

Градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, денеска го потпиша Меморандумот со што Општина Битола официјално е една од осумте општини, во кои ќе се реализира овој проект во периодот 2021-2024.

Планираните активности вклучуваат обуки за општинската администрација, финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, како и тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација.