Press "Enter" to skip to content

СВР Битола, отсек за превенција, со правила за време на лов

По повод почетокот на ловната сезона од 01.11.2021 година Отсекот за превенција при СВР Битола,поради зачестените несреќи за време на лов, и непочитување на одредени правила и  норми Ве известува и укажува на следните правила кој се неопходни да се почитуваат за време на лов:

1. Ловечкото оружје да се користи совесно и одговорно според сите стандарди и законски норми.

2. Кога се оди на лов, или се преминува на друго место,како и престојување во затворена просторија,движење со возило и сл,оружјето да биде испразнето и прекршено.

3. Ловечкото оружје да се полни на даден знак на водачот на групата,односно со негова дозвола да започнува и завршува ловењето.

4. Оружјето никогаш не смее да биде свртено кон другиот учесник во ловот (полнете го со завртен грб).

5. Да не се пука во дивеч кој се движи во правец на другиот учесник во ловот, бидејќи преставува непосредна опасност по неговиот живот.

6. Ловецот кој учествува во ловот, должен е да остане во групата и не смее да го напушта ловот без дозвола на водачот на групата.

7. Сите учесници во ловот,задолжително на себе да имаат определени ознаки (капа,елек или јакна во боја) заради лична безбедност.

8. Ловното оружје да не се насочува кон друго лице, иако знаете дека е празно.

9. Да не се пука додека не сте сосема сигурни во што пукате. 

10. Не конзумирајте алкохол пред и за време на ловење.

11. Вашиот улов да не биде во предност пред безбедноста и животот на другиот.

12. Не ловете за време на ловостој, односно не постапувајте спротивно  на чл.228 од  Кривичниот законик (Незаконит лов).  

Препорака: Почитувај ги правилата и законските норми,биди одговорен и дисциплиниран ловец со тоа ќе спасиш ничии живот. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »