Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад врз жена, каснување од куче, повреден возач на мопед, 32 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 20.09.2021 во СВР Битола, Џ.И. (30) од Битола пријавила дека во старата чаршија во Битола била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во СВР Битола, В.С.(66) од с.Братин Дол, битолско, пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Беќарев” бил каснат од кучле скитник.

На 20.09.2021 во 12.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Мирче Ацев“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58 годишник од Битола и мопед „Томос” без регистарски ознаки, управуван од 67 годишно лице од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кои се констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 20.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 32 мерки против возачи, од кои 27 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 5 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »