Press "Enter" to skip to content

Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ на средби со пазарџиите и дуќанџиите

Денес кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата беше на средби со пазарџиите и дуќанџиите во Старата битолска чаршија, а по средбата во пазарот рече:

-Трудот и маката на секој треба да се вреднува, а локалната самоуправа е тука за да создава клима и можности ! Како приватник сум го докажал тоа и сите искуства можам да ги пресликам во општината ! Ова им го порачав денес на битолските пазарџии ! Особено сум задоволен од отворениот разговор што го имав со секој од нив. Се договоривме таа отворена комуникација да остане и во иднина. Заклучивме дека урбани решенија за градскиот пазар може да се најдат, а потребите на човекот, на пазарџијата да бидат пред се. Градскиот пазар во Битола заслужува вистински градски лик и кај тезгите и “кај камионите”, рече по средбата со пазарџиите Кондовски, а по средбата со дуќанџиите во чаршијата изјави:-Старата чаршија не смее да биде попатна станица, туку вистински центар на локалната економија на Битола, ми рекоа денес дуќанџиите со кои се сретнав ! Да ги вратиме купувачите во чаршијата, ама и да ги задржиме туристите во градот, да не доаѓаат само на еден ден во битолската чаршија, туку да направиме туристичка и угостителска понуда која ќе ги привлече да поминат повеќе време во Битола и во битолските дуќани да трошат пари. Ова го заклучивме заеднички со дуќанџиите. Од искуство знам дека само ако разговараме отворено и искрено, секогаш кога дуќанџиите имаат потреба, а не јас, тогаш можеме да најдеме решенија! Старата битолска чаршија е срцето на локалната економија и општината има обврска да ги слуша дуќанџиите, оти тие најдобро го знаат пулсот на градот, ги следат потребите на битолчани, а задоволени потреби значи задоволни граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »