Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и свежо со повремен локален дожд

Денес, среда, 22 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во Битола до 21 степен.

Утре, четврток, 23 септември, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени.