Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападната снаа од свекрва, физички напад на ул. “Сплит“, 23 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 21.09.2021 во СВР Битола, 45-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзината свекрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.09.2021 во СВР Битола, Д.А. (33) од Битола пријавил дека на ул. „Сплит“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 30 мерки против возачи, од кои 23 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 7 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 6 други  видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »