Press "Enter" to skip to content

Денес 12 нови случаи и 12 оздравени во Битола, хоспитализирани 25 пациенти

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола се 12.

Регистрирани сe 830 оздравени пациенти, од Битола се 12.

До сега во Битола има 6.989 лица кои биле или се позитивни на ковид-9, а активни се 257 случаи.

На инфективното одделение хоспитализирани се 25 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 59 и преку Плодност 51 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

More from ВестиMore posts in Вести »