Press "Enter" to skip to content

Министерката за образование Мила Царовска во посета на Битола (фото)

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалничката на Општина Битола, денеска беше во Битола, каде прво се сретнаа со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска со директорите на основните и средните училишта во Битола, а потоа го посети и техничкото училиште. На состанокот разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование.-Пред нас е учебна година која на најголема радост на учениците ја започнавме со физичко присуство, но и година во која имплементираме целосно нови наставни програми во прво и четврто одделение. Досега целиот овој процес тече според предвидениот план и динамика за што сте заслужни вие директорите и локалните самоуправи кои посветено работевте навреме да ги подготвите училиштата и да ги обезбедите потребните услови со цел да имаме успешна учебна година. Би сакала да се заблагодарам и на наставниците кои ги поминаа потребните обуки и веќе се прилагодуваат на новиот концепт. Исто така, сите заеднички продолжуваме будно да ја следиме состојбата со Ковид во училиштата, која за сега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците, рече Царовска.

Градоначалничката Петровска посочи дека е направен голем исчекор во образовните институции во градот.-Училиштата веќе имаат поинаков изглед, поинакви услови за работа на наставниот кадар, како и подобри услови за настава на учениците, со соодветни нагледни средства. Реагирано е соодветно и со финансиски средства и со секаков вид на поддршка која што општината може да ја понуди, за квалитетен образовен процес, истакна Петровска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посетија СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, каде во изминатиот период е многу вложено во реконструктивните зафати, но исто така воведени се и новитети во образовниот процес, со што е зголемен и бројот на ученици во училиштето.-Само во основните училишта од буџетот на општината вложивме над 420.000 евра оваа година. Во средните училишта за реконструкција вложивме над 840.000 евра само оваа година. Конкретно во Техничкото училиште во сите активности преземени во изминатиот период, вложени се над 400.000 евра, од кои над 270.000 се директни средства од буџетот на Општина Битола. Ценам дека ова само потврдува и покажува дека во образовните институции имаме далеку, далеку поинаква, подобра и покомотна состојба и подобра кондиција од се она што се случувало во изминатиот период пред јас да дојдам како градоначалник. Нема подобар начин за одржувањето на една нација и држава од влогот во образованието. Покажавме дека тоа умееме да го направиме, на вистинскиот, на правиот начин и да дадеме перспектива за нашите генерации“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Министерката Царовска ги појасни новитетите во однос на дуалното образование и стипендиите кои се наменети за учениците во трет степен на образование.-Навистина ми е задоволство што по средбата со директорите на училиштата и со градоначалничката имавме можност да утврдиме дека оваа општина пред само неколку години зборуваше за задолжени училишта, во кои што нема просперитет, немаа креди во истите, а денес имаме можност да зборуваме за училишта во кои што се вложува, училишта кои што се реконструирани и во кои што се зголемува бројот на ученици, особено во средните стручни училишта, каде што можноста за понатамошен развој и останување во нашата држава на младите е поизвесна, посочи министерката Царовска.

More from ВестиMore posts in Вести »