Press "Enter" to skip to content

ОУ “Гоце Делчев“ и Горната Гимназија екипни победници на есенскиот крос (фото)

Во градскиот парк во Битола денес во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, Центарот за јавно здравје и Црвен крст Битола, се одржа традиционалниот есенски атлетски крос.Кросот традиционално се одржува по повод Европската недела на спортот, а на него учествуваат ученици од основните и средните училишта во Битола.Оваа година екипен победник во основните училишта е ОУ “Гоце Делчев“, а во средните училишта Гимназијата “Јосип Броз Тито“.Претседателот на Сојузот за училишен спорт Михајло Трампевски за овој есенски крос рече: -Д0бро е што продолживме со традицијата да организираме есенски атлетски мото крос, заедно со Црвен крст и Центарот за јавно здравје. Поради мерките кои се поради заштита од ковид пандемијата бројот на учесници беше ограничен, но пак ќе повторам дека јас и сите професори по физичко воспитани сме среќни поради одржувањето на есенскиот крос.

More from ВестиMore posts in Вести »