Press "Enter" to skip to content

Пелистер со “стотка“ на пријателска ги “загрева моторите“ за новата сезона

Пелистер – МЗТ Уни Банка 106:64

На само две седмици пред стартот на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Пелистер, во Битола, убедливо, како и се очекуваше ја победи младата екипа на МЗТ Скопје Уни Банка.

Битолчани не му дадоа ни мала шанса да направат нешто повеќе од пораз на младиот ривал во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, победувајќи со 106:64. Младите „штркови“ немаа сили да му парираат на Пелистер и убедливо беа поразени на пријателската средба.

Игор Кесар и Бојан Трајковски постигнаа по 17 поени, а  Младеновски кој уфрли 15 поени, додека 13 даде Чиз, 12 Стојан Ѓуровски, 11 Малешевиќ, а двоцифрен беше и Хотон 1о.

Претходно екипата на Пелистер, во Битола го победи Куманово со 95:85, а тренерот Марјан Илиевски им даде шанса на сите кошаркари и тие целосно ја искористија. 

More from СпортMore posts in Спорт »