Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повторно физички напад и каснување од куче скитник, регионални и акциски сообраќајни контроли

На 22.09.2021 во СВР Битола, Е.Ѓ. (65) од Битола пријавила дека на ул. „Климент Охридски” во Битола била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2021 во СВР Битола, Ж.П.(62) од Битола пријавил дека кај населбата Буковски Мост во Битола бил каснат од куче скитник. 

На 22.09.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена e регионална акциска контрола за санкционирање на прекшоците шти прават возачи на мототцикли. Притоа, биле констатирани 22 прекршоци и против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

На 22.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 17 мерки против возачи, од кои 10 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 7 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 23 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.