Press "Enter" to skip to content

Сезонска промоција на капсули со матичен млеч, само во аптека “Роса Вита“

Со секоја кутија “Royal Jelly“ капсули од 200 mg на “Bosnalijek“ уште една на подарок

-Матичниот млеч го создаваат пчелите работнички, користејќи цветен прав и мед. Оваа храна е првенствено наменета за исхрана на ларвата која е предодредена да биде пчела матица (кралица на кошницата). Само оние ларви кои се хранат со матичен млеч ќе се трансформираат во пчели матици. Хранливите и заштитните особини на матичниот млеч го потпомагаат нормалниот физички раст и развој на децата. Се препорачува на деца постари од 3 години, при губиток на апетит и телесна тежина, кај физичка или ментална исцрпеност, анемија и во тек на школски испити.

-Матичниот млеч е извонреден концентрат на биолошки активни состојки, битни за правилно функционирање на организмот. Матичниот млеч ја зајакнува виталноста и отпорноста на организмот, го забрзува оздравувањето после болест, ги подобрува функционалните способности и го забавува процесот на стареење. Се препорачува превентивно во стресни ситуации и состојби на продолжен психофизички напор. На кратко, матичниот млеч е извонреден биостимулатор и природен антиоксидант.

Внимание: матичниот млеч не се препорачува на лица кои се алергични на мед, производи од мед или некоја од неговите состојки. Исто така, примената на матичен млеч кај трудници и доилки не е доволно добро испитана, па затоа не се препорачува.

Аптека “Роса Вита’“ во влезот на Старата Чаршија во Битола, наспроти Брза помош