Press "Enter" to skip to content

Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник од СДСМ, на средби со мелничарите “Жито Битола“ и “Мигрос“

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, од СДСМ и Коалицијата, денес беше во посета на мелничарите од Битола, “Жито Битола“ и “Мигрос“.

По средбата на Кондовски со сопственикот на “Жито Битола“ рече:

-Во Битола е сместен најголемиот производител на брашно и бели печива во земјава. “Ангромаркетинг механизација“, Подружница “Жито“ Битола произведува по 100 тони брашно дневно, има широк асортиман производи и врвен квалитет. Честитки за Вецко Котевски кој го врати брендот “Жито Битола” на битолчани. Нему, како и на голем број други битолски стопанственици, потребна им е поддршката од локалната самоуправа за проширување на производствените капацитети и нови вработувања. Основен предуслов за тоа е донесување на нов Детален урбанистички план за овој дел од Битола. Општината може да игра значајна улога во економскиот раст и развој на Битола.

Сопственикот на “Мигрос“, Ејуп Фејзовски, по средбата со Кондовски рече:-Ако успеам во намерата и направам пренамена на земјиштето до млинот, ќе инвестирам во нов капацитет за производство и ќе вработам нови луѓе. Ама, за тоа неопходна ми е поддршката од институциите. Ова се зборови на Ејуп Фејзовски, сопственик на млин – пекара “Мигрос“ со кого денеска искрено и отворено разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочува во неговото работење.

-Урбанистичкото планирање на градот мора да биде прво, во функција на граѓаните, а секако и на стопанственциите. Новите инвестиции носат нови работни места, а силна економија значи силен град. Граѓаните мора да бидат задоволни од животот во Битола, додаде Кондовски.

More from ВестиMore posts in Вести »