Press "Enter" to skip to content

Дилеми во Еурофарм Пелистер, дали Кушан ќе остане во Битола или ќе се пресели во Германија

Ракометарот, Томислав Кушан можеби нема да остане во Битола, со крајот на договорот со Еурофарм Пелистер кој му трае уште една години,  по понудата од Германија да игра  Бундес лигата, од клубот Вецлар.

Германскиот бундеслигаш има сериозни намери со кружниот напаѓач на битолчани, па во таа насока е подготвен да ја плати откупната клаузула која стои во договорот на Кушан.

Томислав Кушан е во Битола од 2020 година, а дојде од клубот Натурхаус Ла Риоха. Одигра одлино во дресот на Еурофарм Пелистер, а минатата пролет имаше повреда која го оддалечи од дресот, но се опорави, па тренерот Бабиќ го имаше во сите негови планови при подготвување на тактиката во напад и одбрана. 

Без разлика како ќе завршат преговорите помеѓу Еурофарм Пелистер, Вецлар и Кушан, тој ќе го одигра дербито во Суперлигата против Вардар.

 

 

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »