Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога и нарушување на јавен ред и мир, пријави за физички напади, каснување од куче, сообраќајни контроли

На 24.09.2021 на ул ”4-ти Ноември” во Битола , полициски службеници од Полициска станица Битола лишиле од слобода 22 годишник од Битола, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување и оддавање на пијанство на јавно место.

На 23.09.2021 во СВР Битола Л.Ј. (39) од Битола пријавила дека во близина на  ОУ„Климент Охридски“ во Битола нејзиното малолетно дете било физички нападнато од  26 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.09.2021 полициски службеници од  СВР  Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола бидејќи при претрес во неговиот дом во Битола била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена  соодветна пријава.

На 23.09.2021 во ПО Велушина  К.К.  (34)  од Битола  пријавил дека на 21.09.2021    во с.Драгош бил каснат од куче скитник.

На 23.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 34 возачи, од кои 22 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 12 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 24 други видови  прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »