Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, од нив во Битола се 18.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од Битола се 4.
До сега во Битола има 7.030 случаи на ковид-19, а активни се 284.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица, едно од Битола на 86 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 77 и преку “Плодност“ 66 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.