Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ гол, низ кафе разговор со психолог до посилен спортски дух во новата сезона (фото)

Фудбалерките од ЖФК Топ Гол од Битола, покрај  тоа што тренираат секојдневно на физичка подготвеност за натпреварите, деновиве започнаа и со јакнење на психолошката подготвеност нејпрво низ разговор со психолог и работилница, која се спроведе во градскиот парк во Битола, низ кафе разговор. Покрај физичките подготовки од оваа сезона на нивната екипа се приклучи и психолог кој ќе ги развива нивните психолошки способности.

Тренерот Кире Грбевски ни рече дека сакаат сакаат да ги следат современите текови во спортот и рече:-Сметам дека поддршката од психолог кој е човек кој игра важна улога во успехот на спортистите за да им помага да ги надминат психолошките пречки (особено мотивација и фокус), но исто така и со “носењето“ на  притисокот кој е присутен поради бројни натпревари. Многу сум задоволен што психологот Жанета Ристевска стана дел од нашата екипа и ќе работи со фудбалерките. Многу луѓе сметаат обично психолозите им помагаат само на врвни спортисти, она што не го знаат е дека спортски психолози им помагаат на сите луѓе кои се вклучени во некој спорт за да научат како да уживаат и да продолжат со вистинската програма на тренинзи, а со тоа да дојдеме до подобри резултати.

Психологот,  Жанета Ристевска за новиот предизвик, изјави:

-Ова е нов предизвик за мене и среќна сум што ќе бидам опкружена со млади личности спортисти, особено оние кои тренираат фудбал и со својата храброст рушат бариери и предрасуди дека фудбалот е спорт каде доминираат мажите. Започнавме низ неформален кафе разговор  на теми победа, пораз низ нашите чувства и емоции  и справување со нив.  Заедно се дружевме во градскиот парк, на прекрасен есенски ден, а ќе продолжиме на други места со едукации и работилници на различни теми кои ги засегаат овие млади фудбалерки. Спортската психологија денес има многу интересни факти со кои се обидува да ги приближи луѓето до важноста на физичката активност за ментално здравје. Спортските психолози бараат начини да им помогнат на спортистите како до подобро ментално здравје и игаат значајна улога во успехот.

More from ВестиMore posts in Вести »