Press "Enter" to skip to content

Млади членови на “Сумнал“ од Битола на младинска размена во Рим, Италија

Група на млади членови од „Сумнал“ од Битола имаа можност да учествуваат на неколку младински размени од Еразмус + програмата која е кофинансирана од Европската Унија. Со учеството добија можност да се стекнат со разни знаења и вештини на теми што за нив се од голема важност.Првата младинската мобилност беше „Родов спектар“ што се случи во Рим, Италија од 08-15 јули 2021 година. За време на оваа младинска мобилност, во која учествуваа млади од Италија, Северна Македонија, Чешка, Хрватска и Србија станаа посвесни за родовата дискриминација, стереотипите и различните улоги на мажите и жените во различни земји.Конечната цел беше да се подигне свеста, да се направи промена во гледиштето и да се поддржи и разбере индивидуалната одговорност, прведност и еднаквост против родовата дискриминација

More from ВестиMore posts in Вести »