Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: поврзаноста на ковид-19 инфекцијата и кардиоваскуларните заболувања

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на поврзаноста на ковид-19 инфекцијата и кардиоваскуларните заболувања, за што вели:

-Познато е дека како последица на инфекцијата со SARS -Cov2 постои поголема смртност и потежок степен на болеста  кај лица со претходни кардиоваскуларни заболувања (валвуларни, коронарна артериска болест, хипертензија). Ковид 19 инфекцијата е поврзана со низа на директни и индиректни срцеви нарушувања  од акутен миокарден инфаркт, различни аритмии се до тромбоемолизам, перикардити.Во анализа на ковид пациенти во Вухан од 44 672  испитаници утврдено е зголемена смртност кај 10% со кардиоваскуларни заболувања, 8%кај пациенти со дијабет, 6%кај хипертензивни пациенти. Во патогенезата на влијанието на инфекцијата со ковид-19 е и активирање на цитокините во белите дробови и мултисистемските воспалителни реакции од различни органи и крвни садови како и сврзување со протеин од ангиотензин 2 за влез во клетките и последователно оштетување, трет битен сегмен е зголемување на коагулацијата и зголемување на ДДимерите во периферна крв кај лица инфицирани со SARS-cov 2. 

Покрај соодветните антихипертензиви, антидијабетици, инсулинска терапија и антитромботици еден од покорисните медикаменти се и капсулите “ентан“ комбинација на проантоцијанид и флавон гликозиди и екстракти од гинко билоба кои имаат вазодилататорен ефект, противоспалителен, антитромботичен и подобрување на циркулација преку инхибиција на ендотелин 1 и стимулација на 6-кето простагландин F1a со вазодилататорско дејство