Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира улица “Кленовец“

-Дочекавме, по 40 години, да не ни поплавуваат домовите на секој поголем дожд и да имаме нормална асфалтирана улица“, велат дел од жителите на улица „Кленовец“, кои во голем број се сретнаа со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и изразија задоволство од целосната реконструкција на улицата.Градоначалничката Петровска изврши увид во асфалтирањето на коловозот на ул. „Кленовец“, заедно со тимот задолжен за реализација на овој проект. Реконструкцијата на ул. „Кленовец“ се состоеше од поставување на нова канализациона мрежа во вредност од 5.432.204 денари, водовод во вредност од 2.778.000 денари и сегашната финална фаза на нов коловоз, во вредност од 5.946.026 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »