Press "Enter" to skip to content

Кондовски, кандидат за градоначалник, во посета на “DAKA Холдинг“ во Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски од СДСМ, денес беше во посета на “DAKA Холдинг“ каде се сретна со сопственикот Димче Поповски, а ги разгледа и прозводните погони. По средбата Кондовски рече:

-Иновациите се движечка сила на бизнис секторот! Токму тоа го видов и за време на посетата на “DAKA Холдинг“ во Битола, компанија која се занима со производство и сервисирање на системи повеќе од две децении. Првото микропроцесорско контролно управување за лифтови кое работи врз принцип на безконтактен систем е создадено токму од оваа компанија, која покрај другото успешно работи со апликации базирани на augmented reality. Сакавме на пазарот да понудиме нешто ново, поразлично, поефикасно и пософистицирано, ми рече сопственикот Димче Поповски.-Им честитам на храброста со големо искуство, знаење и вештини да се впуштат во освојување на пазарите во Европа, рамо до рамо со високо реномирани светски мултинационални компании. Во вакви компании треба да работат нашите млади високообразовани луѓе, а не да ни заминуваат низ светот! Поповски ми кажа дека имаат амбициозни планови за проширување на нивните капацитети, што ќе значи и нови вработувања. Но, за тоа од локалната самоуправа очекуваат поддршка преку побрзи и ефикасни измени на деталните и генералниот урбанистички план.  Општината мора да го поддржи локалниот економски развој, бидејќи тоа е во интерес на сите битолчани!

 

More from ВестиMore posts in Вести »