Press "Enter" to skip to content

Пелистер носи бод во Битола со гол во “судиско“ време

Работнички – Пелистер 1:1 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола, на која пред натпреварто не му “даваа“  никакви шанси, со гол во самиот финиш освои бод со голот на Глоар во 91. минута, а средбата заврши 1:1 откако “пелистерци“ промашуваа за израмнување со регуларното време.

На натпреварот на стадионот “Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација првата вистинска шанса за отворање на резултатот ја имаа битолчани, во 13. минута кога Принц Ампонсах не се снајде најдобро, а потоа се обиде и Јуфо. Во 34. минута, Работнички поведе со 1.0 откако дефанзивецот Ристевски погоди против својот клуб.

Бојан Илиевски во 53. минута пропушти голема шанса за 2:0 за Работнички, одбрани Трајчевски. На триесет минути до крајот на натпреварот најголемата шанса за израмнување ја пропушти Ампонсах. Антонио Глоар, на додавање на Размоски, го пронајде патот до голот на Работнички и погоди за 1:1, за радост и бод за „зелено-белите“.

И покрај бодот, Пелистер е на последната позиција на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »