Press "Enter" to skip to content

Првото дерби Вардар – Пелистер Еурофарм за скопјаните, ќе чекаме реванш во Битола

Вардар – Пелистер Еурофарм 29:25 (15:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола е поразена во Скопје од екипата Вардар 1961 славеа во првото сезонско дерби, во рамките на 4. коло од Супер лигата, против 29:25, полувреме 15:11, а натпреаврот се одигра во салата во СЦ “Јане Сандански“. 

Првите 20 минути поминаа во израмнета игра, а така беше и резултатот, потоа сво завршните 10 минути од првото полувреме“пелистерци“ направија серија грешки и нереализираните напади, па затоа од 10:10, “вардарци“ направија серија од 5:1, а полувремето заврши со  15:11.

Во второто полувреме Вардар дојде до максимални +5 во два наврати до средината на полувремето, водејќи 17:12 и 22:17, а “пелистерци“ бркаа негатива, со грешките во нападот. Во завршницата “пелистерци“ стигнаа до -2 во 24. минута. Кубанецот Табоада со гол го врати Еурофарм Пелистер на -1.Потоа на крајот следуваа три напади ги реализираше Талески, со кој Вардар дојде на +4 и сигурна победа.

Мандалиниќ и Кушан дадоа по 5 гола во редовите на “пелистерци“. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »