Во салата на средното економско училиште во Битола, се одржа 9. по ред одбојкарски турнур кој традиционално пред стартот на новата сезона го организира екипата на Пелистер Волеј.По играњето на турнирот “секој со секој“ и по одмерувањето на силите на трите екипи учеснички, домаќинот Пелистер Волеј, Наковски Волеј и Јанта Волеј, тренерите добија некоја “слика“ за своите екипи, а секако и за противниците.Победнике е екипата на Наковски Волеј од Струмица, второто место им припадна на Јанта Волеј КВ, а трет е Пелистер Волеј.-Прекрасни натпревари, темпирање на форма и загревање пред самиот старт на сезоната, рекоа кратко по завршувањето на турнирот во Битола тренерите на екипите, кои потврдија дека резултатите не биле во прв план, туку воигрувањето на тимовите за престојната сезона, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј, кој изрази благодарност го трите екипи кои ја прифатија поканата.Индивидуалните награди им припаднаа за најдобар техничар Мила Стеваноска од Јанта Волеј, најдобро либеро Сара Димитриоска исто така од Јанта Волеј, најдобар примач Ана Иванович од Пелистер Волеј, најдобар среден блокер Меланија Каралиоска од Пелистер Волеј, најдобар коректор Ива Стојанова од Наковски Волеј, а MVP на деветтиот турнир е Лики Ковачевиќ од Наковски Волеј.По турнирот сите одбојкарки од трите клуба имаа заедничко дружење, а денес во рамките на подготовките екипите на Пелистер Волеј и Јанта Волеј ќе одиграа уште еден натпревар.
9. одбојкарски турнир на Пелистер Волеј во Битола, победник екипата на Наковски Волеј (форогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме