Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, утре десетина степени поладно

Денес, понеделник, 27 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност која ќе се зголемува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер. Температурата во Битола до 31 степен.

Утре, вторник, 28 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови наместа нестабилно и свежо со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 22 степен.

More from ВестиMore posts in Вести »