Press "Enter" to skip to content

Во Битола 12 оздравени и 2 нови позитивни на ковид-19, активни 277 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 2.

Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од  Битола се 12.

Во Битола до сега има 7.046 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 277 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017.

More from ВестиMore posts in Вести »