Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски-кандидат за градоначаник од ЛДП-ДОМ: пет постулати, соработка со приватниот сектор, чиста Битола…

Горан Милевски, кандидатот за градоначалник на Битола од ЛДП и ДОМ денес со кандидатите за советници ја започна кампањата за локалните избори, а пред новианрите рече:

-Почитувани битолчанки и битолчани, Верувам дека ги споделуваме истите ставови и идеи за нашата Битола. Верувам дека можеме да направиме промени и да ги поместиме работите.  Време е за одлучност, Битола мора да се развива. На Битола и е потребна визија, потребна  и е решителност, развој што ќе ни обезбеди убава иднина. Во оваа прилика би сакал да ги спомнам петте најважни постулати за кои ќе говорам во кампањата, и кои ќе ги применувам кога ќе станам градоначалник.  

Ефикасна, брза и модерна администрација, Целосна дигитализација, автоматизација и забрзување на сите општински процеси. Брзината на секој одговор на Општината не смее да зависи од желбата на ниту еден службеник. Граѓанинот не смее да чека затоа што некој бил на одмор, на боледување или не му се работи тој ден. Прецизни критериуми и рокови за одговор на секое прашање. Ќе ги забрзаме процесите на легализација и урбанизација на градот, а приоритет ќе биди новиот генерален урбанистички план. Општина која нема да се потпира само на сопствениот буџет. Без ралика што општинскиот буџет е голем, без ралика што би се рекло народски имаме пари, нема никаква шанса да ги реализираме сите желби на граѓаните со сопствени средства. Битола мора да ги искористи сите финансиски средства кои постојат и кои можат да и бидат достапни. Државни пари, пари од странски фондови и пари од домашното стопанство. Искуството од министерството  за локална самоуправа,   ќе го пренесам и ќе го насочам во градот, за максимално искористување на се она што го нуди државата и нејзините фондови и соработка со сите меѓународни институции кои имаат седиште во Македонија. Како претседател на ЛДП, ќе го искористам членството на ЛДП во АЛДЕ, кое е трета групација во Европскиот парламент,   и има шест премиери, и ќе ја искористам помошта на странските држави. Отвореност и соработка со приватниот сектор. Мораме да соработуваме со приватниот сектор и да ги искористиме сите  негови можности. Без оваа соработка општината не можи да се развива и нема напредок. Редовната комуникација, редовните средби и постојаната отвореност на мојот кабинет за приватниот сектор, ќе бидат пракса во наредните четири години.-Битола мора да биде чиста, Битола може да биде многу позелена, Битола мора да биде еколошки град, Планирам годишни акции за посадување на огромен број на дрва во Битола, и сликата за нечист град мора да ја промениме. Не е невозможно годишно да посадуваме околу 3000 дрва и тоа во самиот град. Покрај сообраќајниците, во парковите, во дворовите на граѓаните, училиштата, секаде каде што има можност ќе посадиме дрво. Ќе го стимулираме возењето на точаците, ќе субвенционираме по 1000 велосипеди секоја година, ќе обележиме велосипедски патеки, а ќе бидеме прва општина која го стимулира доаѓањето  со велосипед на работа. Паркингот во општинската зграда ќе се користи исклучиво за паркирање на службените коли и колите на општинските гости.  Битката  за чист воздух ќе продолжи со многу посилен интензитет, на сите полиња и нема да има милост за ниту еден загадувач. Никој нема да биди поштеден ако загадува и ако не почитува еколошки стандарди.

Битола мора да ја направиме туристички град, град кој ќе заработува пари од туризмот, а тука го имаме Пелистер. Ама чекор по чекор, не одма и не наеднаш. Без разлика на цената, ќе ги собериме сите отпадни води и ќе го завршиме колекторскиот систем. Со тоа ќе направиме сите води на Пелистер да се здрави за пиење, а Молика да добие канализација. Општината може многу да направи за Пелистер, а ние се ќе искористиме. И наши пари, и државни и странски пари. Ќе стимулираме настани кои ќе носат луѓе во градот, кои ќе стимулираат раст на економијата, кои ќе оставаат впечаток и влијание во државата а и пошироко. Ќе продолжиме да ги финансираме сите спортски гранки, ќе ставиме акцент и на подобрување на спортската инфраструктура, и  сакаме а и ќе бараме резултати од спортските екипи. Искрено се надевам дека ќе бидеме одлучни и дека ќе успееме да направиме промени и се надевам дека заедно со Вас и со Вашата поддршка Битола ќе ја направиме уште подобро место за живеење.

Носителот на советничката листа, Валентин Груевски рече:-Во Битола создадовме и сеуште создаваме едно движење на кое секојдневно се приклучуваат огромен број на граѓански активисти, луѓе кои никогаш не биле во партија, луѓе кои првпат влегуваат во политика. Тие луѓе сакаат да допринесат за градот, тие луѓе имаат идеја за подобра општина,  а дел од нив се на советничката листа на Движењето ОДЛУЧНО за Промени. Ова движење, предводено од  ЛДП  и ДОМ, за Битола ја има убедливо најквалитетната листа која ќе биде понудена на следните избори, составена од  професионалци   докажани во своите професии.  Економисти, архитекти, правници, туристички и здравствени работници, професори, спортисти. За сите заедничко:  Искуство, стручност, квалитет, знаење.  Без  афери, без  криминали, ниту јавни, ниту тајни.  Кај сите заедничко:  Желба за поефикасна, подобра и побрза општина, желба за проевропска општина, позелена, поурбана, поспортска, потуристичка. Нека не се трудат да не напаѓаат и  нека не се трудат да не омаловажуваат, бидејќи време за кавги и расправии немаме, ќе зборуваме за нашите предлози и решенија за градските проблеми. Не се водиме со олимписката девиза да учествуваме, сакаме на овие избори да победиме.

Анастасија Трајковска, која е втора на листата за кандидати за советници изјави:-Коалицијата Одлучно за промени нуди советничка листа на истакнати професионалвци и граѓански активисти, кои се одважија да излезат од својата конфорна зона и со сиот свој капацитет да придонесат за локален развој потпрен на сопствениот културен идентитет и ресурсните можности на нашиот град. Нашите заложби ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетот на Битола за изнаоѓање на иновативни и креативни решенија и флексибилен пристап во локалното менаџирање со сите аспекти кои влијаат на квалитетот на нашето урбано окружување. Време е да создадеме град на чело со граѓаните, град кој создава и поддржува. Целејќи кон интегративен урбан развој, кој ќе промовира конкурентна економска и социјална инклузија и кој ќе ја унапреди нашата природна и изградена средина, искрено верувам дека ќе успееме да ја промовираме Битола како град во кој е привилегија да се живее.

More from ВестиMore posts in Вести »