Press "Enter" to skip to content

Кушан и дефинитивно заминува од Еурофарм Пелистер, бундеслигашот го плати обештетувањето

Екипата на РК Еурофарм Пелистер останува без пивотменот Томислав Кушан, кој заминува од Битола и ќе се приклучи на бундеслигашот Вецлар, стои во известувањето од клубот, во кое се додава:

-Бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Томислав Кушан, кој беше обврзан на договор со нашиот клуб до јуни 2022 година. Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на ракометарот Томислав Кушан за професионалноста во периодот во кој го носеше дресот на клубот и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Исто така благодарност и до германскиот клуб за коректниот однос.

 

More from ВестиMore posts in Вести »