Press "Enter" to skip to content

На стартот на кошаркарската сезона бесплатен влез на натпреварот Пелистер – МЗТ Скопје

Во рамките на 1. коло од Македонската прва кошаркарска лига, дерби на колото ќе биде натпреварот во Битола каде Пелистер ќе игра против екипата на МЗТ Скопје.

Раководството на битолскиот клуб ги информира љубителите на кошарката во Битола дека влезот за дербито со шампионот ќе биде бесплатен и дека 30% на трибините во “Боро Чурлевски“ ќе бидат со публика.

-Се одбројуваат деновите до почетокот на новата кошаркарска сезона. КК Пелистер ја информира јавноста дека влезот за дебитантскиот натпревар во шампионатот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје ќе биде слободен. Дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и тоа само за лица со:

– сертификат/потврда за извршена вакцинација од корона вирусот, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест ковид-19 или
– сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Терминот за одигрување на натпреварот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје дополнително ќе биде одреден, се вели во соопштението на КК Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »