Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 20 годишна охриѓанка пронајдена мртва во сран во Битола, приведување за нарушување на јавен ред и мир, сообраќајни контроли

На 26.09.2021 во 06.20 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во стан на улица „Тодор Паница“ во Битола била пронајдена почината 20жена од Охрид, со привремено живеалиште во Битола. Смрт без видливи траги од насилство констатирла лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција.

На 26.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода 37 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со карање, викање, кршење, дрско и непристојно однесување, како и непочитување на наредба на полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 25 мерки против возачи, од кои 12 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 13 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »