Press "Enter" to skip to content

Коњановски на средба во стопанската комора

Д-р Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше на средба со престедателот на Стопанската комора по што изјави.

-Јас прво да се заблагодарам и на претседателот и на Управниот одбор на Стопанската комора што ни дадоа можност да се видиме, да размениме мислења да ги согледаме проблемите кои ги знаеме и кои не тиштат сите во градот. Она што можам да го кажам и она што го ветив е да бидеме партнери со Стопанската комора, да имаме еден взаемен партнерски однос. Им кажав, дека по професија сум лекар, дека не мислам да бидам бизнисмен, меѓутоа ќе ми треба партнерски однос со нив, да ги сублимираме сите проблеми да ја отвориме вратата на локалната самоуправа и заедно да ги решаваме проблемите. Иницирав и една можност да се среќаваме секои два месеци, ама не декларативно, туку да ги решаваме вистински тековните проблеми, да пробаме да ги откочиме работите. Генералниот урбанистички план, ДУП – овите, Пречистителната станица, гасификацијата, топлификацијата, тоа се проблемите кои овие луѓе ги мачат. Бев информиран дека дел од капиталот веќе се изнесува надвор. Зошто да не направиме добри услови Битола да биде општина која ќе овозможи работа за сите? Едноставно моја интенција е да бидам татко на сите, да не ги делам луѓето по никоја основа, најмалку политички. Вратата да биде отворена во еден партнерски сериозен однос, кој ќе овозможи и многу работи од нив да ги осознаам, да ги научам зашто тие се луѓето кои ги знаат проблемите и кои ќе ни укажат како заедно да ги решиме. Мирко Велковски – претседател на Стопанска комора, по средбата рече:

-Денес, направивме средба со кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски, на која што бизнис – секторот ги постави проблемите кои што го мачат бизнис секторот. Во овој дел на Пелагонија повеќе од дваесет години имаме стагнација на развојот и постојано укажувам дека 12 % БДП е малку за Пелагонија, треба да изнесува 18 – 20 %, така што сите проблеми кои ги имаме во стопанството, инфраструктурата, гасификацијата, патната мрежа, развојот на туризмот, беа претставени пред канидатот и тој одговори дека се што може како градоначалник, заедно рамо до рамо со бизнис – секторот заеднички сите тие проблеми да се согледуваат и решаваат. Како што кажа еден од нашите членови да има една соба – советодавна,

More from ВестиMore posts in Вести »