Press "Enter" to skip to content

Млади од “Сумнал“ ги искористија младинските мобилности за стекнување знаења и вештини

Во текот на летото 2021 година, група на млади членови од „Сумнал“ имаа можност да учествуваат на неколку младински размени од Еразмус + програмата која е кофинансирана од Европската Унија. Со учеството добија можност да се стекнат со разни знаења и вештини на теми што за нив се од голема важност.

Првата младинската мобилност беше „Родов спектар“ што се случи во Рим, Италија од 08-15 јули 2021 година. За време на оваа младинска мобилност, во која учествуваа млади од Италија, Северна Македонија, Чешка, Хрватска и Србија станаа посвесни за родовата дискриминација, стереотипите и различните улоги на мажите и жените во различни земји. Конечната цел беше да се подигне свеста, да се направи промена во гледиштето и да се поддржи и разбере индивидуалната одговорност, прведност и еднаквост против родовата дискриминација.Втората младинската мобилност беше „Роми и не-Роми за подобра иднина“ што се случи во Нишка Бања, Србија од 16-24 август 2021 година. За време на оваа младинска мобилност, заедно со млади од Италија, Словенија и Србија нашите учесници добија шанса да се формираат во индивидуи кои свесно си помагаат и се свесни за нивните човекови права, основните принципи на демократско учество, проблеми и прашања за општествена одговорност и волонтерски активности. На крајот, овие млади треба да бидат активни учесници во нивната земја со промовирање на демократско и социјално учество на поширок фронт.

Последната младинската мобилност беше „Сеќавањето е лек за антициганизамот“ што се случи во Рим, Италија од 28 август – 03 септември 2021 година. Во оваа мобилност учествуваа млади од Италија, Северна Македонија, Словенија, Хрватска и Србија кои станаа свесни и научија дека историското сеќавање на Порајмосот е фундаментално за да се блокира и спречи расната омраза кон Ромите и, генерално, против оние кои се сметаат за различни. Оваа историско сеќавање мора да се шири меѓу Ромите, кои често не ја знаат својата историја, и меѓу не-Ромите, кои обично знаат нешто за Холокаустот како злосторство против Евреите, но го игнорираат Порајмосот и она што Ромите го претрпеле за време на Втората светска војна.

По нивното враќање, учесниците заедно со нашиот претседател одржаа работилници за да го споделат своето знаење, искуство и да ги мотивираат другите млади Роми да учествуваат во активностите обезбедени од програмата Еразмус + и нашата невладина организација. Сите младински размени се дел од Еразмус + програмата, кофинансирана од Европската унија.

More from ВестиMore posts in Вести »