Press "Enter" to skip to content

Пелистер домаќин на фудбалерите на Работнички во осминафиналето од Купот

Денес, во “Куќата на фудбалот“ се одржа ждрепката за осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија, а екипата на Пелистер дома во Битола, под Тумбекафе ја пречекува екипата на Рабитнички.

Во оваа фаза од Купот, како и во претходната ќе се игра само еден натпревар, а натпреварите се закажани за 20 октомври 2021 со почеток  во 14:00 часот.

Осминафинални парови во Купот на Македонија:

Пелистер – Работнички

Струга трим Љум – Борец

Академија Пандев – Македонија ЃП

Шкендија – Ренова  

Вардар – Скопје

Брегалница – Охрид  

Беласица – Силекс

Шкупи  – Тиквеш 1930

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »