Press "Enter" to skip to content

Промоција на листата на “Поинаку“, нашиот план е да бидеме фактор во Советот (фото)

Вечерва во кафулето “Бар Чаршија“ се одржа промоција на кандидатите за советници на независната советничка листа “Поинаку“.На промоцијата зборуваше носителката на листата Габриела Илиевска која рече:-Сакам да ви се обратам на сите кои сте тука, прво да ви заблагодарам на присуството и на поддршката која ми ја давате, да се заблагодарам на луѓето кои за разлика од изминатите четири години се во поголем број. Не сакам да држам партиски говори, бидејќи ние сме далеку од тие партиски структури. Настапуваме со листа која е полна со луѓе кои се полни со ентузијазам, луѓе кои се докажани во градот и за кои тврдам дека заедно со мене, со Иван и со сите други и со оние кои не се на листата ќе направат од Битола место со кое ќе се гордееме. Ќе си останеме доследни на она што го работиме и ќе си останиме поинакви и дека ниту една партија нема да не претопи. Со секој ќе соработуваме, но никој нема да ни диктира како да работиме. Има нови и млади луѓе кои ни поверувале во она што го работиме, а тое ни дава сила да работиме. Нема за зборувам што ќе правиме, бидејќи во Советот доволно кажавме, а и постигнавме многу.Иван Чолаковски, втор на листата на “Поинаку“ на промоцијата рече:-Имаме реално остварливи планови за Битола, кои не коштаат многу пари, а сите локални власти во Битола можеа да ги направат, но никогаш сами не сме одлучиле. Затоа сме ние тука, а нашиот план е да бидеме фактор во Советот, да бидеме мост меѓу другите фактори да не можат само да одлучуваат за нешто што нема да го сакаат битолчани. Ќе бидеме вистински коректор на сите во Советот и ние ќе одлучуваме за тоа.