Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена артилериска граната, 22 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 27.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Стрчин “ во Битола била пронајдена артилериска граната калибар 155 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од СВР Битола.

На 27.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки против возачи, од кои 13 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 9 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 27 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »