Press "Enter" to skip to content

Комплетна реконструкција на ООУ “Александар Турунџев“во село Кукуречани

ООУ „Алелсандар Турунџев“ од  с. Кукуречани,  преку општина Битола аплицираше на јавниот повик за реконструкција на училишта во декември минатата година и официјално доби зелено светло за целосна реконструкција на централното училиште. Училиштето ќе добие нов изглед и прекрасни услови за работа. Следува комплетна реконструкција на училиштето со проценета вредност  во висина од скоро 14 000 000 денари или 226 000 евра, средства обезбедени од МОН за капитални инвестиции.

Реконструкцијата опфаќа: енергетски ефикасна фасада, реконструкција на подови, ѕидови и тавани во сите простории во училиштето, промена на кров и прозорци во едното крило од зградата, реконструкција на тоалетите за ученици и наставници, громобранска и електрична инсталација, лед светилки во сите простории, реконструкција на надворешни и внатрешни скали и огради, пристапни рампи надвор и внатре, тоалет за инвалиди.

-Со еден збор, ќе се реконструира буквално се што имаше потреба од реконструкција и ќе бидеме меѓу првите, или можеби прво училиште во регионот кое е комплетно реконструирано. Со нетрпение го очекуваме почетокот на реконструктивните зафати, изјави Бранка Лазаревска, директорка на училиштето.

More from ВестиMore posts in Вести »