Press "Enter" to skip to content

ЛДП и ДОМ ја промовираа советничката листа (фото)

Вечерва во хотел “Епинал“ во Битола беше промовирана советничката листа, која како рекоа е составена од партиски луѓе од двете партии, но и од членови кои не се членови на партија, а ги има повеќе.За советничката листа и за самата промоција зборуваше претседателот на ЛДП и кандидат за градоначалник на Битола, Горан Милевски.-Ова беше планирано како мал собир на кој требаше само да се промивираат кандидатите кои се на советничката листа, но според тоа колку не има ова ќе биде и митинг, на кој за жал нема да присуствуваат гостите од Скопје. Но, сакам да кажам дека ова е листа која е сотавена од квалитетни луѓе, докажани во својата работа, партиски луѓе ни и лица кои не се шленови на било која партија но се вклучија во оваа советничка листа, која има многу да понуди.Милевски рече дека не е овој собир за промоција на програмата со која тој како кандидат за градоначалник и на советничката листа, туку тоа ќе се случи во втората половина на кампањата. Но зборуваше за некои планови на идната локална власт, за уредени школски дворови, за уредени татран патеки во паркот, за немање на листи за чекање во детските градински, за немање на листи во старските домови, за развој на планинскиот туризам…Милевски рече и тоа дека нема сите планови да бидат во програмата, туку дел и од она што не го ветиле ќе успеат да го направата во новиот мандат.На промоцијата на советничката листа зборуваше носителот на листата Валентин Груевски, кој рече дека според она што го нуди како квалитет оваа советничка листа, ќе приредат изненадување, а тоа ќе биде на 17 октомври вечерта кога ќе се бројат гласачките листи и додаде:

Кога пред четири години, ја предводев листата на една поголема коалиција, многумина беа скептици за резултатот кој ќе го постигнеме. Сите ги убедував дека ќе победиме со десетина илјади гласа разлика и дека ќе бидиме блиску до 19-от советник. Победивме со 10 илјади, до 19 совентици  не стигнавме, ама го постигнавме најдобриот резултат за советничка листа во 30 годишната плуралистичка историја на Битола.И за на 17-ти, сум убеден дека ќе постигнеме, не добар туку одличен резултат, дека ќе бидеме најпријатното изненадување на овие избори, а дека нашиот кандидат за градоначалник ќе се пласира во вториот круг. Верувам во ова, затоа што ја познавам и многу и верувам на екипата која ова го работи, не е прв пат на избори,  дел е тука зад мене, дел пред мене, имаат знаење, искуство, континуитет, а сигурен сум дека се чесни, поштени, дека немаат афери, за криминал не знаат, и дека силно си ја сакаат работата која ја работат. Сега тука гледате само еден актуелен советник, но на ден по изборите ќе не има повеќе, кои ќе бидеме дел од новиот Совет, а ќе бидат фактор во донесување на одлуките во Советот.На вечерашната промоција зборуваа и непартиските кандидати за советници Горан Пинза кој зборуваше за тоа како тој како туристички водич го гледа развојот на туризмот во Битола, и Анастасија Трајковска, која е втора на листата за кандидати за советници а зборуваше за деталниот урбанистички план на Битола и за тоа како Битола да биде урбано уредена.Модератор на промоцијата беше Марјанчо Ѓеоргиевски, кандидат за советник на листата на ЛДП и ДОМ, но како рече и сам непартиски кандидат.

More from ВестиMore posts in Вести »