Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: напад со остар предмет, физички напад, 100-тина битолчани казнети за сообраќајни прекршоци

На 28.09.2021 во СВР Битола, А.Д.(64) од Битола, пријавил дека во домот на неговата внука на ул. „Христијан Карпош“ во Битола, по претходна расправија, едно лице му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.09.2021 во СВР Битола, Д.Ѓ. (31) од Битола пријавил дека на ул. „Христијан Карпош“ во Битола бил физички нападнат од две лица од село Беранци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 81 мерки против возачи, од кои 63 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 18 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 18 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »