Press "Enter" to skip to content

Во Битола повеќе оздравени 18, од нови позитивни 8, активни 267 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 8.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од Битола се 18.

До сега во Битола има 7.077 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 267 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

More from ВестиMore posts in Вести »