Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден велосипедист, оштетени возила, физички напад и сообраќајни контроли

На 29.09.2021 во 19.56 часот на крстосница од ул. „Крушевска Република“, ул. „Глигор Прличев“ и новопредвидена улица кон место викано „Смолево“ во Битола, патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Б. (42) од с. Долно Оризари, битолско, удрило во велосипедист В.Н. (20) од Битола. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. 

На 29.09.2021 околу 22.30  часот во СВР Битола, Х.К од Битола, Х.Н од с.Цапари, З.М и Х.М од Битола пријавиле дека на магистралниот пат Прилеп –Битола им биле оштетени нивните патнички возила со фрлање на камења од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 29.09.2021 во 21.40 часот во СВР Битола, В.Т., Н.Џ., П.С. и Б.Ј. сите од Битола, пријавиле дека во периодот од 18.00 до 21.00 часот била истурена непозната течност врз кровот и предната хауба на нивните возила во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.09.2021 во 19.30 часот во СВР Битола, Г.Т. (44) од село Брод, битолско, пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата на средно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 29 мерки против возачи, од кои 19 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 10 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 10 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »