Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и свежо со повремен дожд

Денес, петок, 1 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.

Утре, сабота 2 октомври, во Битола времето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Температурата во Битола до 20 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »