Пригодна свеченост по повод почетокот на новата академска година на УКЛО се одржа на Факултетот за безбедност – Скопје, настан на којшто присуствуваше ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски кој упати порака до сите студенти, особено до новите над 1.200 бруцоши и им посака среќен почеток и успешни студии.-Со самиот чин на запишување покажавте подготвеност и мотивираност за учење, а тоа во студентскиот живот многу ќе Ви биде потребно. Однесувајте се со љубов кон својата идна професија којашто е толку значајна и толку потребна за секое современо општество, но и со полна одговорност кон самите себе, своите семејства и сите што на кој било начин го поддржуваат вашето студирање. Како ректор на Универзитетот чувствувам голема одговорност затоа што мене лично, на тимот на моите проректори, на деканите и продеканите на факултетите но подеднакво и на сите служби што Ви стојат на располагање, на сите вработени на Универзитетот основна преокупација ни е да работиме во полза на вашите потреби и максимално да придонесеме за да се чувствувате добро. За да ја постигне својата цел, за да може континуирано да се возобновува вашиот Факултет, но и Универзитетот во целина, УКЛО има потреба од Вас, од сите нас, од Вашите идеи, од Вашето и нашето инвестирање, од заеднички ангажман.
Во амбиент на отворено, на првиот академски час присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасоски и други гости од општествениот живот. Срдечно добредојде до новата генерација студенти упати и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски по што свечениот настан е заокружен со доделување на индексите на најдоброзапишаните студенти во академската 2021/2022 година.

Започна новата академска година за 1.200 бруцоши на УКЛО
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 43. издание на “Манаки“ (фотогалерија)
- Утре во Битола ќе се одржи меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“
- Општина Битола на врвот на ранг листата од општините според активна транспарентност
- Во Битола 37 нови позитивни на ковид-19, оздравени 30, активни 261 случај
- Превентивна активност на СВР Битола и РСБСП на граничен премин Меџитлија