Press "Enter" to skip to content

Прв академски час Правен факултет во Битола (фото)

Во амбиент на отворено, првиот академски час на Правниот факултет, дисперзирани студии во Битола се одржа со физичко присуство, со строго почитување на здравствените протоколи и одржување на потребната дистанца.Во духот на кохезијата на УКЛО, на  првиот час на Правниот факултет, дисперзирани студии во  Битола се обрати проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски.Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.Тој нагласи исто така дека ректоратот на Универзитетот ќе биде постојат партнер и сојузник на студентите во натамошниот нивен предизвик и студирање, ќе нагласи проректорот Ѓуровски пред новите студенти најавувајќи повеќе проекти кои се реализираат во функција на студентите – како борба против корупцијата и судир на интереси, студентскиот правобранител и др.Негувајќи ја традицијата свечено да ги пречекува новите академски граѓани, деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ им посака  на студентите успешни студии и испонет студентски живот. Тој воедно се осврна кон значењето и местото на Правниот факултет потсетувајќи дека студиите по право и студиите по политички науки и дипломатија обезбедуваат квалитетно образование, стекнување на современи знаења и широк спектар на професии.Освен традиционалните професии од сферата на правото и правосудството со завршувањето на Правниот факултет дипломираните студенти добиваат можност да земат активно учество и во други професии во сферата на општествено-политичкиот живот, деловниот свет, меѓународните организации, граѓанските организации, образованието и науката. Наставно-соработничкиот кадар на Правниот факултет го сочинуваат експерти во различни сфери на правото и општествените науки (политички науки, безбедносни науки, економија, социологија и др.).Многу од нив се  членови на меѓународни стручни и научни организации, асоцијации и институции и активно дејствуваат во домашната и меѓународната научна заедница. Во однос на просторните услови, деканот Илиќ изрази задоволство дека од минатата академска година, Правниот факултет започна да работи во реконструирана зграда, со одлични и современи услови за одвивање на наставата.Проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски со  деканот проф. д-р Горан Илиќ симболично ги доделија индексите на прворангираните бруцоши со што беше и заокружена цвеченоста по повод првиот академски час на Правниот факултет.   

More from ВестиMore posts in Вести »