Факултетот за биотехнички науки -Битола којшто остварува плодна наставно – образовна, научно – истражувачка и апликативна дејност благодарение на шестдецениската едукација на кадри, со перманентна примена на технологијата во секој аспект, денеска со должно внимание ги пречека новите студенти. Посебна чест на новата генерација бруцоши со своето обраќање им укажа проректорот за настава на УКЛО, проф. д-р Љупче Кочоски, чија матична инстиtуција е Факултетот за биотехнички науки. Тој во своето обраќање истакна дека одбележувањето на почетокот на новата академска година, претставува посебна свеченост и притоа им порача:-Студирајте со целосна одговорност кон самите себе, кон Вашите семејства, кон сите што ви ја даваат толку потребната морална и материјална поддршка и што со Вас ги делат вашите планови и успеси. Внесете го вашиот младешки ентузијазам, вашиот жар во студирањето, активно учествувајте во предавањата, вежбите, практичната работа. На тој начин, секојдневно ќе се збогатувате со нови сознанија и искуства, но ќе не поттикнувате и нас професорите на малку повеќе работа и овозможување за вас многу повеќе знаења. Знаењата и вештините што ќе ги стекнете во текот на вашето студирање претставуваат темел за доживотното учење коешто со забрзаниот ритам во развојот на сите научни дисциплини и технологии се јавува како предуслов за сите професии.
Почетокот на академската година на студентите им го честиташе и деканот, проф. д-р Гордана Димитровска којашто го претстави Факултетот, нагласувајќи ја неговата препознатливост, традиционални вредности, квалитетен човечки и инфраструктурен потенцијал, во кој се образува и оформува инженерски и менаџерски кадар од различни профили, дека на располагање имаат 5 опремени лаборатории со високософистицирана опрема и ваквите солидни инфраструктурни и технички предуслови им овозможуваат под менторство на професорите, директно и непосредно да учествуваат во научно-истражувачката работа на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Прв академски час Факултет за биотехнички науки
More from ВестиMore posts in Вести »
- Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)
- СВР Битола: жена тешко повредена откако била удрена од “рено“, 17 санкционирани возачи под дејство на алкохол
- Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, од пладневните часови можност за нестабилност
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)