Press "Enter" to skip to content

Д-р Тони Коњановски: со сериозна поддршка од Општината оживување на Старата чаршија во Битола

Д-р Тони Коњановски, кандидатот за градоначалник на Битола одржа прес-конференција во која зборуваше за ревитализација и оживување на Старата битолска чаршија, со креативни и иновативни идеи како старите занаети да ги отворат дуќаните, со сериозна поддршка од Општината како што е во сите европски градови со историско јадро, и додаде:

-Денес сум во битолската чаршија како секоја сабота, пазарам и разговарам со битолчани. За жал, од разговорите со вас знам дека се повеќе занаетчии и трговци ги затвораат дуќаните, дека Чаршијата е оставена на забот на времето без никаква поддршка за старите занаети, за бојаџиите, сарачиите, симитчиите, столарите, налбатите, терзиите, ткаачиите, ќуркчиите, абаџиите, бочварите, јажарите, јорганџиите, ковачите, кожарите, лебарите, леблебиџиите, месарите, млекарите, самарџиите,чевларите,ѕвончарите. Никаква поддршка за зачувување  на автентична Битола, на она што секаде во светот е главна туристичка атракција. За жал денес видов спуштени кепенци, празни и напуштени дуќани…

Еден од моите проекти за Битола е вреднување на на нашето славно битолско минато. Од првиот ден ќе се посветиме на ревитализација и оживување на Старата битолска чаршија, со креативни и иновативни идеи како старите занаети да ги отворат дуќаните, со сериозна поддршка од Општината како што е во сите европски градови со историско јадро. Да заживее чаршијата со работилници, улични фестивали на храна, едукации на отворено за учениците.

Ќе ги прашаме занаетчиите но и младите што им треба од Општината бидејќи општината е јавен сервис за сите, бидејќи за Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи! 

 

More from ВестиMore posts in Вести »