Press "Enter" to skip to content

Пелистер и Тиквеш во Битола играа без голови, си поделија по еден бод (фотогалерија)

Пелистер – Тиквеш 0:0

Во дербито во Битола, на дното на тебелата во Првата македонска фудбалска лига екипите на Пелистер и Тиквеш одиграа без голови и поделија по ден бод и со тој бод остануваат во борбата за опстанок.На стартот на натпреварот Капинковски му даде доверба на младиот 17-годишен напаѓач Михаил Талевски во нападот, наместо повредениот Принц Ампонсах и незалечениот Маневски, кој остана на клупата. Тиквеш имаше прв шанса за гол, а Пелистер чекаше контра напади и прекини, но првото полувреме помина без некоја поголема прилика за гол.Во второто полувреме Идризовиќ беше најблиску до целта во 70. минута, но откосо биеше во надворешниот дел од голот на Пелистер.Најголемата опасност кон голот на Тофиловски пристигна во 76. минута, кога по еден центаршут Драгарски не успеа да ја зафати топката и да ја испрати во мрежата. Голманот на Тиквеш интервенираше според планот и ги отргна пелистерци од намерата да погодат. Во 88. минута среќата ги спаси Пелистер и Трајчевски, откако Мишов откосо ја стресе стативата.  Пелистер го доигра натпреварот со десетмина, поради повредата на Сулејмани.По девет гола Пелистер е единствен без победа во ПМФЛ, а во следното коло, кое се игра на 17 октомври, Пелистер ќе гостува кај Ренова.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »