Натпреварот меѓу Пелистер и Тиквеш во Битола, под Тумбекафе, кој беше борба за бодови за опстанок е голем повод за и за меѓусебна пресметка на навивачите, но попладнево двете навивачки групи домаќините “Чкембари“ и гостите “Лозари“ беа на иста трибина.Битолчани и кавадарчани заедно навиваа и ја докажаа уште еднаш, да кажеме со актуелни зборови, коалицијата меѓу нив, а така беше и нивниот заеднички слоган “браќа за секогаш“, кој и го скандираа засекогаш.
Двете навивачки групи ја направија атмосферата посебна, а круна на заедничкото дружење и навивање беше пиротехничкото шоу кое заедно го направија во 60. минута од натпреварот, а на стадионот под Тумбекафе поради пандемијата го немаме видено веќе две години.
Во 60. минута прво беа запалени по 5 бакљи во зелена и црвена боја, бои на навивачките групу, а потоа од “димната“ завеса поставени на 6 јарболи, “излегоа“ три големи платна, симболот на Битола, симболот на Кавадарци и на третата заедно грбовите на навивачките групи.
Поради големиот чад кој се направи, натпреварот беше во прекин, а судијата тоа го надополни на крајот од натпеварот.
По оваа кореографија продолжи заедничкото навивање, а по завршувањето на натпреварот фудбалерите на двете екипи отидоа да ги поздрават фановите, кои ги заслужија сите честитки за денешното котектно навивање.
Овие две навивачки групи се нарекуваат и братски, поради блискоста меѓу нив, која е демонтрирана на повеќе заеднички настапи.

“Чкембари“-“Лозари“ за големо пиротехничко шоу во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер
- Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
- Зоран Талески, директор на КЈП “Нискоградба“: работиме транспарентно, отчетно и посветено во служба на граѓаните (фото)
- Во Битола тутурска настава за децата Роми во рамките на програмата “РОМАКТЕД 2“
- Општината Новаци ќе доделува стипендии за сите новозапишани студенти на УКЛО Битола од Новаци (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер
- ФК Пелистер од Битола не ги продолжи договорите со четири фудбалери
- “Таскфорце БПО“ генерален покровител на КК Пелистер од Битола
- Влатко Костов нов тренер на ФК Пелистер од Битола
- Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)