Со доделување благодарници на Благој Стефановски-Баге, постхумно, и Наташа Петревска и со изведба на операта “Пајлачи“ вечерва свечено беше отворено јубилејното 30. по ред издание на “Интерфест“ во Битола.Фестивалот посветен и во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески, започна со пригодна реч на организаторот Милица Шперовиќ – Рибарски, која присутните ги потсети на некои моменти од досегашните издание на Фестивалот, неговите почетоци, а и за тоа што очекуваат во иднина, но пред тоа дека сакаат дел од фестивалот да биде годинава и во реновираниот Офицерски дом во Битола.Шперовиќ – Рибарски образложи и за причините поради кои годинава на 30 годишнината на постоењето доделуваат благодарници. На Благој Стефановски-Баге за разбирањето и помошта во првото издание на фестивалот, а на Петровска за реконтруирањето на Офицерскиот дом во Битола, и на најакистичната сала за концерти во Битола.Благодарницата за Благој Стефановски ја прими неговиот син Бојан, а покрај благодарницата градоначалничката Петровска ги прогласи за отворен годинашниот “Инрефест“, за која рече дека е еден од симболите на културата во Битола.По завршувањето на официјалниот дел на сцената “Благоја Стефановски-Баге“, фестивалот го отвори НУ Опера и Балет со операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во која диригент е Бисера Чадловска.Во хорот и оркестарот на НОБ настапуваат солистите Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Горан Начевски, Јане Дунимагловски и Драган Ампов.Според фестивалската програма фестивалот ќе трае до 12. октомври, а концерти ќе одржат Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија, Александар Рам и Ана Одинцова од Русија, Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија, а ќе настапат и уметници од Унгарија, Турција, Србија и Македонија, а утре ќе биде отворена изложба во Заводот и Музеј.
Со операта “Палјачи“ во Битола отворен 30. јубилеен фестивал на класична музика “Интерфест“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Поразот на Еурофарм Пелистер од Алкалоид донесе и оставка на Бранислав Ангелевски
- Тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски го најавија денешното дерби, Алкалоид – Еурофарм Пелистер
- Одржана интересна работилница за бруцошите на УКЛО Битола (фото)
- СВР Битола: го чистел таванот пронашол 10 рачни бомби…, украдени пари во угостителски објект, син нападнал татко
- Во Битола сончево, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска