Натпреварот меѓу Пелистер и Тиквеш во Битола, под Тумбекафе, кој беше борба за бодови за опстанок е голем повод за и за меѓусебна пресметка на навивачите, но попладнево двете навивачки групи домаќините “Чкембари“ и гостите “Лозари“ беа на иста трибина.Битолчани и кавадарчани заедно навиваа и ја докажаа уште еднаш, да кажеме со актуелни зборови, коалицијата меѓу нив, а така беше и нивниот заеднички слоган “браќа за секогаш“, кој и го скандираа засекогаш. Двете навивачки групи ја направија атмосферата посебна, а круна на заедничкото дружење и навивање беше пиротехничкото шоу кое заедно го направија во 60. минута од натпреварот, а на стадионот под Тумбекафе поради пандемијата го немаме видено веќе две години.Во 60. минута прво беа запалени по 5 бакљи во зелена и црвена боја, бои на навивачките групу, а потоа од “димната“ завеса поставени на 6 јарболи, “излегоа“ три големи платна, симболот на Битола, симболот на Кавадарци и на третата заедно грбовите на навивачките групи.Поради големиот чад кој се направи, натпреварот беше во прекин, а судијата тоа го надополни на крајот од натпеварот.По оваа кореографија продолжи заедничкото навивање, а по завршувањето на натпреварот фудбалерите на двете екипи отидоа да ги поздрават фановите, кои ги заслужија сите честитки за денешното котектно навивање.Овие две навивачки групи се нарекуваат и братски, поради блискоста меѓу нив, која е демонтрирана на повеќе заеднички настапи.
“Чкембари“-“Лозари“ за големо пиротехничко шоу во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме