Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ лесно и рутински со +20 го победија Радовиш во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Радовиш 42:22 (19:10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Андоновски

Еурофарм Пелистер: Ивановски, Кизиќ, Мараш 7, Ојлески 3, Маркоски 3, Маџовски 2, Кукуловски 3, Мандалиниќ 2, Радовиќ 3, Танкоски 4, Костески 2, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ, Граџан 8, Табоада 5

Радовиш: Паунов, Стојановски 2, Марков 1, Ѓорѓиев, Долдуров, Постолов 1, Спасов, А. Ристов, Мицев, Органџиев 1, Мехиќ 5, К. Ристов 1, Трајанов 1, Вујниќ 8, Трајчевски 2, Костадинов.Во рамките на 5. коло од машката Супер ракометна лига во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ја улогата а голем фаворити го победи тимот на Радовиш со  42:22, полувреме 19:10. Гостинските ракометари на паркетот во Битола парираа само на стартот, па по 3:2 следуваше серија 7:1 “пелистерци“  кои се одлепија и на полувреме резултатот беше +9 (19:10).Вториот дел беше само формалност, за на крај да биде +20, за “пелистерци“. 42-22.  Обрадовиќ, Периќ и Секељи добија одмор, а најефикасни во домашниот табор беа Граџан со осум и Мараш со седум гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »